Skip to main content
European Digital Innovation Hubs Network

ТОЛКУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРАШАЛНИКОТ ЗА ПДЗ(Проценка на дигиталната зрелост) за МСП (Мали и средни претпријатија) и ЈП (Јавни претпријатија за услужна дејност)

МСП(Мали и средни претпријатиа)

 

Општа анализа на резултатите

 

Основно 0-25%

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за МСП! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е на почетокот во својот процес на дигитална трансформација и сигурно би можела да извлече значајни придобивки дури и од ограничените инвестиции во дигитални технологии и вештини за подобрување на операциите и производите. Вашите инвестиции во дигитални технологии се уште се ограничени и опфаќаат главно административни задачи, додека пак вашата организација може да преземе чекори (во однос на планови и ресурси) за да воведе понапредни решенија. Користите некои од основните технологии за вашите секојдневни операции, но би можеле да извлечете поголема корист од можностите што ги нудат поновите технологии базирани на интернет (т.е. електронска трговија, B2B, B2C итн.) и други понапредни технологии (т.е. Вештачка интелигенција). Исто така, можете да инвестирате повеќе во обука на персоналот, во вработување на специјализирани професионалци во областа на информатичките технологии и во активно вклучување и подготовка на вашиот персонал за прифаќање на нови дигитални решенија кои можат да го променат начинот на кој се извршуваат задачите во моментот. Би можеле да извлечете многу полза со усвојување и спроведување на целосна стратегија за податоци, вклучувајќи ја и безбедноста на податоците. Ова ќе ви осигура поголеми капацитети за анализа на податоци и ќе ги поддржи вашите процеси на донесување одлуки. Исто така, можете да усвоите ИКТ технологии кои би можеле да ѝ помогнат на вашата организација да стане по одржлива во своите операции (да го намали вашиот отпечаток врз животната средина), додека би можеле да му дадете приоритет на изборот на еколошки дигитални производи (ИКТ опрема). 

Во вашиот случај, постои огромен неискористен потенцијал, а експериментирањето и усвојувањето на повеќе дигитални технологии би можело веднаш да ја зголеми продуктивноста и перспективите на вашето претпријатие. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци v) автоматизација и разузнување и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

Просечно 26-50%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за МСП! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација веќе достигнала просечно ниво на дигитална зрелост, но сепак има простор за подобрување. Би можеле да извлечете значајни придобивки од дополнителни инвестиции во дигитални технологии и вештини за подобрување на операциите и производите. Вашите моментални инвестиции во дигитални технологии опфаќаат спектар од вашите клучни деловни операции, додека би можеле да го зголемите нивото на подготвеност (во однос на плановите и ресурсите) со цел да воведете понапредни решенија. Користите голем број на основни технологии за вашите операции, додека би можеле да имате поголема корист од усвојувањето на повеќе напредни технологии (на пр. Системи за управување со информации, ERP, е-трговија, B2B, B2C, B2G, социјални мрежи итн.) и други повеќе револуционерни (т.е. Вештачка интелигенција). Вашиот персонал има просечно ниво на дигитални вештини, но за да напредувате во вашата дигитална трансформација, би ви требало добро планирана и извршена обука на персоналот и специјализирани ИТ професионалци за да ви помогнат. Раководството и персоналот треба да добијат потребно охрабрување за целосно да се вклучат и да го поддржат усвојувањето на нови дигитални решенија без страв од промените што тоа би ги донело. Можеби веќе имате многу деловни информации во дигитална форма, но ќе имате голема корист од сеопфатна стратегија за податоци, вклучувајќи ја и безбедноста на податоците. Ова ќе ви осигура поголеми капацитети за анализа на податоци и ќе го поддржи процесот на донесување одлуки на високо ниво. Исто така, можете да усвоите ИКТ технологии кои би можеле да ѝ помогнат на вашата организација да стане по одржлива во своите операции (да го намалите вашиот еколошки отпечаток), додека би можеле да му дадете приоритет на изборот на еколошки дигитални производи (ИКТ опрема).

Подобрувањето на дигиталната зрелост на вашето претпријатие би можело да ја зголеми вашата конкурентност и да ве доближи до повеќе конкуренти на вашиот пазар од интерес кои веќе се дигитално зрели. Исто така, ќе ви обезбеди конкурентна предност во однос на помалку дигитално развиените конкуренти. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци v) автоматизација и разузнување и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на EDIH.

 

Умерено напредно 50-75%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за МСП! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е веќе во умерено напредна фаза во својот процес на дигитална трансформација. Тоа значи дека веќе имате придобивки за вашата организација од употребата на дигиталните технологии, како основни технологии, така и во помала мера, некои напредни. Иако веќе сте на патот кон дигитална трансформација, можете понатаму да ја подобрите конкурентноста, отпорноста и одржливоста преку инвестиции кои се повеќе насочени кон дигитални технологии и вештини. Вашите моментални инвестиции во дигитални технологии опфаќаат широк спектар од вашите деловни операции, но сè уште има простор за зголемување на вашето ниво на подготвеност (во однос на плановите и ресурсите) со цел да воведете пософистицирани решенија. Во моментов ги користите повеќето од достапните основни технологии за вашите операции, но сè уште има голем неискористен потенцијал со усвојувањето на понапредни технологии, вклучувајќи повеќе револуционерни технологии (т.е. Вештачка интелигенција). Вашиот персонал има просечно ниво на дигитални вештини, но за да напредувате во вашата дигитална трансформација, ви треба добро планирана и извршена обука на персоналот и специјализирани ИТ професионалци за да ви помогнат. Сите нивоа на раководството и персоналот треба да добијат потребно охрабрување за целосно да се вклучат и да го поддржат усвојувањето на понапредни дигитални решенија без страв од промените, што тоа би ги донело. Вашите капацитети за управување со податоци и безбедност на податоци се напредни, но дополнително би можеле да имате корист од дигиталните технологии кои би ви дале деловни пазузнувачки податоци кои ви се потребни за да ја надминете конкуренцијата. Исто така би можеле да се усвојат повеќе ИКТ технологии, за да и се помогне на вашата организација да стане по одржлива во своите операции (да го намалите вашиот еколошки отпечаток), додека пак би можеле да ги зголемите вашите капацитети во изборот и употребата на еколошки корисни дигитални производии (ИКТ опрема). 

Новите инвестиции во дигитализацијата, ќе ја доведат дигиталната зрелост на вашето претпријатие до ново, понапредно ниво, обезбедувајќи ви значајни предности во однос на конкурентите во вашиот регион и пошироко на вашиот пазар од интерес. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци v) автоматизација и разузнување и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на EDIH.

 

Напредно 76-100%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за МСП! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е веќе во напредна фаза во својот процес на дигитална трансформација. Тоа значи дека веќе сте предводник и вашата организација веќе подолго време ги користи придобивките од употребата на дигиталните технологии. Користите како основни, така и напредни технологии за различни аспекти на вашите операции. Иако веќе сте напредни, можете да се подобрите дополнително во областите како одржливост и конкурентност, експериментирајќи/имплементирајќи нови и пореволуционерни дигитални технологии. 

Нови, повеќе целно насочени инвестиции во напредни технологии за дигитализација, на пример, вештачка интелигенција, може да ви помогнат да ја постигнете дигиталната зрелост, што ќе ја зголеми вашата конкурентност на глобално ниво на вашиот пазар од интерес. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци v) автоматизација и разузнување и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

  1. Анализа на резултатите по димензија

 

  1. Дигитална бизнис стратегија

Основни 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на бизнис стратегијата и инвестициите за дигитализација. Тоа значи дека постои значајна можност за подобрувања. За да го подобрите нивото на дигитализација, можете да започнете со дефинирањето на јасен план и идентификување на финансиските средства за негова поддршка. Почетните инвестиции во дигитални технологии за делумно модернизирање на вашата организација се добар прв чекор. Можете дополнително да стекнете придобивки од автоматизирањето на важни делови од вашите операции како што се производство, услуги за клиенти итн. Можете исто така да стекнете предности со користењето на понапредни дигитални технологии во области како што се логистика, маркетинг и продажба, купување и јавна набавка и напредна безбедност. 

Што се однесува до стратешкото планирање, можеби сте идентификувале некои технологии, но постојат многу други можности за дигитализација, кои би можеле да им послужат на вашите деловни цели. Ќе треба да одделите средства од вашиот буџет, за подобрување на вашата ИТ инфраструктура, и да осигурате посветеност на раководството за целосно, за да имате потполна корист од нив. Организациските промени и промените во процесите, кои се потребни за дигитализацијата на вашето претпријатие, исто така може да бараат вработување на подобар персонал од областа на информатичките технологии.

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на бизнис стратегијата и инвестициите за дигитализација. Тоа значи дека постои голем потенцијал за подобрување. Имате првичен план и ресурси и вашето раководство е приемчиво, но постои потреба за интензивирање на неговата посветеност и напори за зголемена дигитализација. Можеби сте инвестирале во дигитални технологии во одредена мера за да ги модернизирате операциите на вашиот бизнис, како што се дизајнот на вашите производи/услуги, планирање и управување со проекти. Можете дополнително да стекнете придобивки од автоматизирањето на важни делови од вашите операции како што се производство, услуги за клиенти итн. Исто така, можете да имате корист од воведувањето на напредни дигитални технологии во области како што се логистика, маркетинг и продажба, купување и јавна набавка и напредна безбедност. Вие ја поседувате потребната ИТ инфраструктура за поддршка на почетното ниво на дигитализација и имате квалификувани кадри од информатичката технологија, иако во ограничена мера.

Покрај тоа, можете да ја зголемите стратешката важност на дигитализацијата за вашето претпријатие со цел да постигнете попозитивно влијание врз внатрешните/надворешните процеси или трошоци. Ќе треба да издвоите поголем буџет за подобрување на вашата ИТ инфраструктура и да обезбедите посветеност на раководството и персоналот за да имате потполна корист од нив. Организациските промени и промените во процесите, кои се потребни за дигитализацијата на вашето претпријатие, исто така може да бараат вработување на повеќе персонал од областа на информатичките технологии.

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза во однос на бизнис стратегијата и инвестициите за дигитализација. Веќе имате придобивки, но сѐ уште има неискористен потенцијал. Имате кокретен план и ресурси и сериозна посветеност на раководството. Тековните и планираните инвестиции во дигитализацијата се направени со цел на оптимизирање на внатрешните процеси/операции и намалување на трошоците.

Сепак, можете дополнително да го подобрите квалитетот на производите или услугите преку дигитализација. Покрај тоа, вашиот план за дигитализација треба да биде стриктно спроведен и инвестициите планирани за во блиска иднина да бидат конкретизирани. Вишите раководители се подготвени или спремни да ги раководат организациските и процесните промени потребни за поддршка на дигитализацијата на претпријатието. ИТ персоналот игра улога во дигитализацијата, но може да им се довери поголема улога во донесувањето одлуки за дигитализација на претпријатието и деловното работење. Можеби треба да регрутирате профили на стручњаци од областа на дигиталните технологии за да поддржите повисоко ниво на дигитализација. Во блиска иднина може да размислите за примена на деловни модели, кои што во поголема мера се насочени кон дигитализацијата и кои се темелат на податоци. Исто така, можете да размислите да понудите повеќе производи и/или услуги со дигитални функционалности или карактеристики. 

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да бидат во прилично напредна фаза во однос на бизнис стратегијата и инвестициите за дигитализација. Дигитализацијата веќе е приоритет за вашето претпријатие. Веќе сте инвестирале значително во дигитални технологии и имате планови за дополнителни инвестиции. Следите јасен план за дигитализација и сте ги одделиле потребните ресурси (човечки и буџетски) за да го поддржите, вклучувајќи ги и планираните инвестиции во дигитални технологии во наредните години.

Значителните инвестиции во дигитализацијата веќе придонеле за подобрување на квалитетот на вашите услуги и/или производи, за диверзификација и интернализација на комерцијалните активности, оптимизирање на внатрешните процеси/операции и намалувањето на трошоците. Вишите раководители се посветени на продолжат да раководат со организациските и процесните промени потребни за поддршка на дигитализацијата на претпријатието, а персоналот е доволно квалификуван во областа на дигиталните технологии.

Можете да постигнете поголема корист со имплементирање на многу специјализирани технологии како вештачка интелигенција, напредна анализа на податоци, дигитални деловни модели и повеќе.

 

  1. Дигитална спремност

Основно 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на дигиталната спремност (усвојување на дигитални технологии). Можеби веќе користите мал број на основни дигитални технологии, но со многу ограничени деловни апликации. Постои голем неистражен потенцијал за вашето претпријатие да ја зголеми внатрешната продуктивност и подобро да им служи на своите клиенти преку користење на дигитални технологии - како основни, така и понапредни. 

Вашето претпријатие би имало голема корист ако размислите за имплементација на низа дигитални технологии кои би можеле да ја стимулираат вашата продажба (т.е. електронска трговија, електронски маркетинг итн.), да ја подобрат ефикасноста на деловните дејности (системи за управување со информации, ERP), да го подобрат задоволството на клиентите (инструменти базирани на интернет подршка за комуникација со клиентите), да ги надградат вештините на персоналот/да го зголемат задоволството и задржувањето на персоналот [деловна соработка на далечина (работа на далечина, виртуелно учење итн.)].

Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на претпријатието, алатки базирани на интернет за комуникација со клиентите, разговори во живо / социјални мрежи / чатботови за комуникација со клиентите, електронска трговија (B2B, B2C), електронски маркетинг (реклами на интернет, социјални медиуми за бизнис итн.), електронска управа, алатки за деловна соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), портал за интранет, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.).

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), роботи, виртуелна/проширена реалност, CAD апликации, IoT-Интернет на нештата паметни сензори, блокчејн-синџири на блокови, 3Д печатење итн. 

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да бидат во рана фаза во однос на дигиталната подготвеност (усвојување на дигитални технологии). Во вашето претпријатие, користите некои, но не и сите основни дигитални технологии. Дигиталните решенија се користат во голем број на деловни области, главно во администрацијата и управувањето. Можете да имате поголеми придобивки од имплементацијата на специјализирани или напредни дигитални технологии.

Вашето претпријатие би имало голема корист ако размислите за зголемена употреба на низа дигитални технологии кои би можеле да ја стимулираат вашата продажба (т.е. електронска трговија, електронски маркетинг итн.), да ја подобрат ефикасноста на деловните дејности (системи за управување со информации, ERP), да го подобрат задоволството на клиентите (инструменти базирани на интернет подршка за комуникација со клиентите), да ги надградат вештините на персоналот/да го зголемат задоволството и задржувањето на персоналот [деловна соработка на далечина (работа на далечина, виртуелно учење итн.)].

Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на претпријатието, алатки базирани на интернет за комуникација со клиентите, разговори во живо / социјални мрежи / чатботови за комуникација со клиентите, електронска трговија (B2B, B2C), електронски маркетинг (реклами на интернет, социјални медиуми за бизнис итн.), електронска управа, алатки за деловна соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), портал за интранет, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.).

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), роботи, виртуелна/проширена реалност, CAD апликации, IoT-Интернет на нештата паметни сензори, блокчејн-синџири на блокови, 3Д печатење итн. 

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на дигиталната подготвеност (усвојување на дигитални технологии). Најверојатно веќе ги користите придобивките, кои би можеле да ги понудат основните дигитални технологии. Располагате со стабилна инфраструктура за поврзување и користите интернет технологии и апликации, вклучително за комуникација со клиентите и/или за целите на продажба и маркетинг. Веројатно не сте примениле целосно напредни или интегрирани деловни апликации како што се ERP, CRM и SCM, но најверојатно размислувате да го направите тоа наскоро. 

Сè уште не сте го искористиле потенцијалот на повеќе специјализирани или понапредни дигитални технологии, кои би можеле да овозможат вистинска конкурентска предност во вашето производство/продажба/маркетинг/услуга на клиенти. Дигиталните решенија најчесто се користат во внатрешните операции како што се администрацијата и управувањето и во комуникацијата и услугата на клиентите. Вие веќе сте на патот кон дигитална трансформација, но можете да го забрзате тестирањето и имплементацијата на поразвиени технологии за да го намалите јазот со поразвиените дигитални претпријатија во вашиот сектор, регион и пошироко. 

Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на претпријатието, алатки базирани на интернет за комуникација со клиентите, разговори во живо / социјални мрежи / чатботови за комуникација со клиентите, електронска трговија (B2B, B2C), електронски маркетинг (реклами на интернет, социјални медиуми за бизнис итн.), електронска управа, алатки за деловна соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), портал за интранет, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.).

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), роботи, виртуелна/проширена реалност, CAD апликации, IoT-Интернет на нештата паметни сензори, блокчејн-синџири на блокови, 3Д печатење итн. 

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да бидат во напредна фаза во однос на дигиталната подготвеност (усвојување на дигитални технологии). Вие имате придобивки од користењето на практично повеќето достапни основни дигитални технологии во вашите внатрешни и надворешни операции. Дигиталните решенија се користат во повеќето деловни области - вклучувајќи администрација и управување, маркетинг, јавна набавка, логистика, услуга на клиенти, итн. Вие имате корист од интегрирани системи за управување со информации како што се ERP, CRM, SCM. Можеби сте започнале да експериментирате или да имплементирате напредни дигитални технологии во одредени деловни области на компанијата и активно истражувате како да извлечете поголема корист од нив.

Вие сте прилично напредни во употребата на основните дигитални технологии, а исто така имате потребно ниво на подготвеност да ги искористите придобивките од имплементацијата на специјализирани и понапредни дигитални технологии. Тоа би ви овозможилот единствена конкурентска предност во вашето работење и ќе ве доближат до најнапредните конкуренти во Европа и пошироко.

 Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на претпријатието, алатки базирани на интернет за комуникација со клиентите, разговори во живо / социјални мрежи / чатботови за комуникација со клиентите, електронска трговија (B2B, B2C), електронски маркетинг (реклами на интернет, социјални медиуми за бизнис итн.), електронска управа, алатки за деловна соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), портал за интранет, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.).

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), роботи, виртуелна/проширена реалност, CAD апликации, IoT-Интернет на нештата паметни сензори, блокчејн-синџири на блокови, 3Д печатење итн. 

 

  1. Антропоцентрична дигитализација (Дигитализација ориентирана кон човекот)

Основно 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Потенцијалот од подобрувањето на дигиталните вештини на персоналот треба да стане појасен на раководно и/или оперативно ниво. Вашето претпријатие би можело да започне со спроведување на проценка на дигиталните вештини на својот персонал, по што би следел  конкретен план за обука за преквалификација или за усовршување на персоналот. Треба да размислите за обезбедување на повеќе обука или интернет алатки за учење на персоналот за стекнување/зголемување на дигиталните вештини. Во моментот, дигиталните вештини на персоналот се основни и работните места сè уште не се преобликувани за дигиталната ера. 

 

Во овој опсег има огромен неискористен потенцијал за зголемување на дигиталната писменост на вашите вработени, дури и ако започнете со ограничени инвестиции.

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост сеуште се во рана фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Веројатно е дека вашето раководство ја сфатило важноста и потенцијалот на обука на персоналот за дигитални технологии и презело некои чекори во таа насока. Како следен чекор, можете да воспоставите детален план за обука за преквалификација или за усовршување на вештините  на персоналот. Понудени се некои упатства на интернет и други опции за самообука за стекнување/згголемување на дигиталните вештини, но можете подобро да ги прилагодите на нивните конкретни потреби и/или потреби за обука. Можете да ја комбинирате обуката со можности за експериментирање и автономија во извршување на одлуки или за иновации. Треба да обезбедите можности за развој на кариерата за вработените со дигитални вештини, а истовремено да ги преобликувате работните места за дигиталната ера. Дигиталните вештини на персоналот треба да одговараат на оние потребни за модернизирање на нивните работни функции. 

 

Има многу неискористен потенцијал за вашето претпријатие да изготви план за обука врз основа на вашите планови за дигитализација во блиска иднина. Исто така, можете да имате придобивки од соодветни можности за финансирање од различни програми за преквалификација и усовршување на вештините на вашиот персонал. Како резултат на тоа, обучениот персонал би бил поприфатлив за воведувањето на нови дигитални технологии и повеќе би ги поддржувал промените кои инаку би предизвикале страв од губење на работни места. Зголемувањето на дигиталните вештини би ви овозможило опкружување кое е потребно за вработување на напреден персонал од ИТ областа и да им овозможи услови за кариера. 

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на дигитализацијата во која човекот е во центарот (развој на вештини за дигитализација). Вашeто претпријатие веќе има воспоставено план за обука за преквалификација/усовршување на вештините на персоналот, но може да вклучите и понапредни дигитални технологии кои ќе се воведат во блиска иднина. Стекнувањето/усовршувањето на вештини во областа на дигиталните технологии претставува приоритет и на персоналот му е овозможена обука во областа на дигиталните вештини, но секогаш треба да ја прилагодите на нивните конкретни потреби и барања за обука на работа. Претпријатието исто така може да е запознаено за можностите за финансирање на обука за подобрување на дигиталните вештини на персоналот и може да има корист од тоа. 

 

Персоналот е доволно квалификуван за да ја извршува својата работа со помош на дигитални алатки, но можете да ги поттикнете повеќе да експериментираат со нови алатки за донесување на одлуки или за иновации. Персоналот е вклучен до одреден степен во дизајнирањето и развојот на дигитализацијата на производот/услугата/процесот. Има можности за развој на кариерата за вработените кои поседуваат дигитални вештини. Работните места се преобликувани за дигиталната ера, вклучувајќи и иновативни/дигитално подобрени работни средини, и нив може да ги поддржува дигитална служба за поддршка. Дигиталните вештини на персоналот се во суштина адекватни за нивните работни функции. 

 

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да бидат во напредна фаза во однос на дигитализацијата во која човекот е во центарот (развој на вештини за дигитализација). Воведен е и активно се спроведува/следи, сеопфатен план за обука за преквалификација или усовршување на вештините на персоналот. На вработените често и/или редовно им се овозможува сеопфатна обука од областа на напредни технологиии или дигитални вештини,  прилагодена на нивните специфични потреби и барања во поглед со обуката. Обуката често се комбинира со можности за експериментирање и автономија за извршување на одлуки или за иновации. Има можности за развој на кариерата за вработените кои поседуваат дигитални вештини. Персоналот активно е вклучен во стратегијата на организацијата. Работните места се преобликувани за дигиталната ера, вклучувајќи и иновативни/дигитално подобрени работни средини, кои ги поддржува дигитална служба за поддршка. Дигиталните вештини на персоналот се напредни. 

 

  1. Управување со податоци

Основно 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на управувањето со податоци (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Можете да започнете со воспоставување на политика/план/збир на мерки во областа на податоците и да планирате транзиција на податоците зачувани на хартија кон дигитално зачувани податоци. Моментално, дигитализирани се само неколку видови на документи, а мала количина на податоци се складираат дигитално. Оваа транзиција би имала потреба од план за безбедност на податоците и процес за сајбер безбедност, а не само основни алатки за сајбер безбедност кои се користат денес. 

Со оглед на тоа што се наоѓа во таков ран стадиум, вашето претпријатие има огромен неискористен потенцијал за напредување во процесот на дигитализација, преку создавање на критична маса на податоци кои ќе обезбедат увид во различните области на работењето. Ова треба да оди рака под рака со спроведувањето на понапредни мерки за безбедност на податоците, за да се осигура соодветна заштита на податоците и важните информации.

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на управувањето со податоци (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Треба внимателно да ја следите конкретната политика/план/збир на мерки за управување со податоци. Некои податоци се складираат во дигитално структурирана форма, главно за административни/финансиски процеси. Сепак, нивото на размена на податоци и интеграција помеѓу различните апликации може да се подобри. Податоците не се искористуваат целосно за деловни операции и не даваат информации за донесувањето на одлуки на ниво кое би можело да донесе промени. Постои умерено ниво на заштита на податоците со помош на основните алатки за сајбер безбедност, но нема конкретна и сеопфатна политика за сајбер безбедност.

Бидејќи сте во овој опсег, располагате со голем неискористен потенцијал, кој би можел да се искористи, со воспоставување на соодветна стратегија за управување со податоци, вклучително и сајбер безбедност. Со инвестирање на повеќе ресурси, можете да ги икористите предностите на интеграција на повеќето податоци и процеси на претпријатието во дигитален облик, преку интероперабилни системи и пристап до податоците од различни уреди и локации. Структурираните податоци би можеле да се вклучат во апликациите за аналитика на податоци и да му ги овозможат на вашето претпријатие потребните разузнувачки податоци, за да донесува важни деловни одлуки и подобро да им служи на своите клиенти. Исто така, би имале корист од сеопфатна политика за сајбер безбедност со мерки кои ќе ги заштитат податоците на претпријатието и неговите клиенти од сајбер закани и со соодветни планови во случај на непредвидени ситуации.

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на управувањето со податоци (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Веќе сте воспоставиле конкретна политика/план/збир на мерки за управување со вашите податоци и остварувате корист од нив. Документите и процесите се дигитализирани во многу деловни функции и оперативни области. Повеќето податоци се складираат во дигитално структурирана форма и постои одреден степен на интеграција на податоци и интероперабилност помеѓу различните ИТ системи. Сметате дека анализата на податоци е важна за деловните операции и информираното донесување на одлуки, што помага да се оптимизираат вашите процеси и да се подобри услугата за клиентите. Имате план за сајбер-безбедност и сте ги идентификувале мерките што треба да се преземат во случај на сајбер закани. Постојат механизми за изработка на сигурносни копии на податоци и за свест кај персоналот за важноста на заштитата од сајбер закани. Обуки и настани за подигање на свеста се достапни за персоналот на тема сајбер безбедност. 

Бидејќи сте во овој опсег, сè уште имате голем потенцијал кој можете да го дадете за вашето претпријатие, со повеќе и подобро користење на податоците. Вие би можеле додатно да ја подобрите интеграцијата на податоци и интероперабилноста помеѓу системите кои опфаќаат различни области (производство, продажба, маркетинг, човечки ресурси, услуга на клиентите итн.), што би ви помогнало во донесувањето одлуки на постратешко ниво. Вашите податоци можете да направите да бидат достапни во реално време од различни уреди и локации, вклучувајќи ги и вашите вработени (на пример, работа на далечина). При надградбата на своите капацитети за управување со податоци, би требало да имплементирате силни политики за безбедност на податоците, планови за непредвидливи ситуации и за континуитет на работењето во случај на сериозни сајбер закани.

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза во однос на управувањето со податоци (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Документите и процесите се дигитализирани во сите или во повеќето деловни функции и области, вклучувајќи административни/финансиски процеси, односи со клиентите, процеси поврзани со производството или услугите и логистика. Сите податоци се складираат во дигитално структурирана форма. Собирањето и користењето на податоците се клучни за организацијата. Поголемиот дел од податоците на претпријатието се собира и се користи за сите клучни процеси/операции. 

 

Податоците служат како основа за донесувањето на повеќето одлуки и ги оптимизираат повеќето процеси. Имплементирани се решенија/стандарди за да се олесни размената на податоци. Постојат планови за сајбер безбедност и се спроведуваат конкретни политики и мерки за заштита на податоците на претпријатието од сајбер заканите. Постои план кој ги опфаќа сите внатрешни и податоци за корисниците и воспоставени се политики за потполни сигурносни копии. Нивото на свесност на персоналот за сајбер заканите е висока и се одржува преку обука. Воспоставен е план за континуитет на работењето во случај на некоја катастрофа предизвикана од сајбер напад.

 

  1. Автоматизација и разузнувачки активности

Основно 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на автоматизацијата и разузнувачките податоци (олеснето со дигитални средства, вградени во деловниот процес). Ниту една задача сеуште не е автоматизирана. Вештачката интелигенција и автоматизацијата немаат поддржано никакви деловни, комерцијални или оперативни активности. 

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на автоматизацијата и разузнувачките податоци (олеснета со дигитални средства, вградени во деловниот процес).

Потенцијалната автоматизација се користи делумно преку дигитални средства и на ad-hoc начин во некои задачи, обично во административни процеси. Вештачката интелигенција и автоматизацијата немаат поддржано комерцијални или оперативни активности. Воведувањето на вештачка интелигенција и автоматизација сè уште не довеле до некое мерливо зголемување на продуктивноста. 

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на автоматизацијата и разузнувачките податоци (олеснета со дигитални средства, вградени во деловниот процес).

Некои задачи се потенцијално делумно автоматизирани и потпомогнати од вештачка интелигенција - обично административни и финансиски процеси. Воведувањето на вештачка интелигенција и автоматизација можеби потпомогнало во комерцијални активности, но не се применувало за подобрување на квалитетот на производите и услугите. Воведувањето на вештачка интелигенција и автоматизација довело до некое мерливо зголемување на продуктивноста.

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза во однос на автоматизацијата и разузнувачките податоци (олеснето со дигитални средства, вградени во деловниот процес).

Некои задачи се потполно автоматизирани и потпомогнати од вештачка интелигенција - обично административни и финансиски процеси. Воведувањето на вештачка интелигенција и автоматизација можеби потпомогнало во комерцијални активности, и потенцијално се применува за подобрување на квалитетот на производите и услугите. Воведувањето на вештачка интелигенција и автоматизација можеби довело до некое мерливо зголемување на продуктивноста.

 

Ако сте постигнале реѕултат кој е во горната граница на опсегот, најверојатно веќе сте имале корист од воведувањето на вештачка интелигенција и други видови автоматизација на ниво на претпријатие, при што значително сте ја зголемиле продуктивноста и ефикасноста, и сте го намалиле отпадот и трошоците.

 

  1. Зелена дигитализација:

Основно 0-25%

Претпријатијата на ова ниво на зрелост обично се во многу рана фаза во однос на зелена (одржлива) дигитализација*. Вашето претпријатие треба да ги земе во предвид еколошките аспекти при изборот на дигитализацијата. Би можеле да имате придобивка од користењето на дигиталната технологија за одржливи деловни операции (како што се бизнис модел, овозмужување на услуги, производство и изработка итн.). Дигиталните технологии би можеле да придонесат во намалувањето на емисиите и загадувањето и управувањето со отпад. Дигиталните технологии би можеле да ја поддржат вашата оптимална употреба на суровини и испорака на производите до клиентите. Дигиталните решенија би можеле да се употребат за намалување на влијанието на организацијата врз животната средина. Материјалите/продуктите што ги користи организацијата можат да бидат следливи. Енергијата би можела да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Административните процеси би можеле да станат бесхартиени. Еколошките влијанија врз околината во дигиталните избори (ИТ опрема) и практики треба повеќе да се земат во предвид. 

 

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредено претпријаие да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос зелена дигитализација*. Еколошките аспекти понекогаш се земаат предвид во изборите за дигитализација. Дигиталните технологии можеби почнале да придонесуваат за одржливи деловни операции (како што се бизнис модел, овозмужување на услуги, производство и изработка итн.). Сепак, дигиталните технологии би можеле значително да го поддржат намалувањето на емисиите и загадувањето и управувањето со отпад, или активно да ја поддржат оптималната употреба на суровини и испораката на производите до клиентите.. Најверојатно дигиталните решенија не се активно користат за значително да се намали влијанието на организацијата врз животната средина.  Материјалите/продуктите што ги користи организацијата можат да бидат следливи. Енергијата би можело да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Некои административни процеси се бесхартиени, но не сите. Еколошките влијанија во дигиталните избори и практики може да се земат во предвид во поголема мера.

 

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредено претпријаие да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Умерено напредно 50-75%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост обично се во умерено напредна фаза во однос на зелена (одржлива) дигитализација*. Еколошките аспекти се земаат во предвид во многу избори за дигитализација. Дигиталните технологии веќе можат во одредена мера да придонесат за одржливи деловни операции (како што се бизнис модел, овозмужување на услуги, производство и изработка итн.). Дигиталните технологии би можеле значително да го поддржат општото намалување на емисиите и загадувањето и управувањето со отпад. Дигиталните технологии би можеле значително да ја поддржат вашата оптимизирана употреба на суровини, но веќе може да подржат испорака на производите до клиентите. Дигиталните решенија можат повеќе да придонесат за намалување на влијанието на организацијата врз животната средина. Материјалите/продуктите што ги користи организацијата можат да бидат повеќе следливи. Енергијата би можела да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Административните процеси во најголем дел се бесхартиени. Еколошките влијанија во дигиталните избори и практики се земаат во предвид во значителна мера.

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредено претпријаие да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Напредно 76-100%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост обично се во прилично напредна фаза во однос на зелена дигитализација. Еколошките аспекти се земаат во предвид во повеќето избори за дигитализација, вклучувајќи ја јавната набавка, потрошувачката на енергија и еколошката повторна употреба. Дигиталната технологија придонесува за одржливи деловни операции (како што се усвоените деловни модели, животниот циклус на производот, дизајнот на производот и производствените процеси или испораката на услуги). Најверојатно, дигиталните технологии го поддржуваат намалувањето на емисиите и загадувањето и управувањето со отпад. Најверојатно, дигиталните технологии истотака ја поддржуваат вашата оптимизирана употреба на суровини и испорака на производите до клиентите. Дигиталните решенија се користат значително за да се намали влијанието на организацијата врз животната средина (вклучувајќи го намалувањето на отпадот и подобрувањето на енергетската ефикасност). Материјалите/продуктите што ги користи организацијата се високо следливи дури и во реално време. Енергијата најчесто се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Сите административните процеси се бесхартиени. Еколошките влијанија врз околината во дигиталните избори и практики, секогаш се земаат во предвид.

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредено претпријаие да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

ЈП (Јавни претпријатиа)

 

 

Општа анализа на резултатите

Основно 0-25%

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за ЈП (Јавни претпријатиа)! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е на почетокот во својот процес на дигитална трансформација и сигурно би можела да извлече значајни придобивки дури и од ограничените инвестиции во дигитални технологии и вештини за подобрување на операциите и давањето на јавни услуги. Вашите инвестиции во дигитални технологии се уште се на ниско ниво и опфаќаат главно административни задачи. Ова би можело да биде вистинскиот момент за вашата организација да планира и да издвои ресурси за понапредни решенија. Во вашите секојдневни операции, користите некои од основните технологии, но би можеле да извлечете придобивки од поновите технологии базирани на интернет (дигитални јавни услуги, електронски јавни набавки итн.) и други понапредни технологии (т.е. Вештачка интелигенција). 

Исто така, би можеле да дадете приоритет на обуката на персоналот, вработувањето на професионалци специјализирани за ИТ, и активно ангажирање и подготовка на вашиот персонал за усвојување на нови дигитални решенија кои можат да го променат начинот на кој се извршуваат задачите во моментот. Ќе имате многу придобивки од усвојување и спроведување на целосна стратегија за податоци, вклучувајќи ја и безбедноста на податоците, што ќе ви овозможи зголемен капацитет за анализа на податоци и ќе ви помогне во донесувањето на одлуки. Би можеле да се воведат исто така и ИКТ технологии, за да и помогнат на вашата организација да стане повеќе интероперабилна. Исто така, да стане повеќе одржлива во своите операции (да го намали еколошкиот отпечаток), додека би можеле да му дадете приоритет на изборот на еколошки дигитални производи (ИКТ опрема). 

Во вачиот случај, имате огромен неискористен потенцијал. Експериментирањето и усвојувањето на повеќе дигитални технологии би можело веднаш да ја подстикне ефикасноста на вашата организација и квалитетот на услугите кои ги овозможувате на граѓаните/претпријатијата. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија и инвестиции ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци и безбедност v) интероперабилност и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

Просечно 26-50%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за ЈП (Јавни претпријатиа)! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација веќе постигнала просечно ниво на дигитална зрелост, но сè уште постои простор за подобрување. Би можеле да извлечете значајни придобивки од дополнителни инвестиции во дигитални технологии и вештини за подобрување на операциите и  и вашите услуги за граѓаните/претпријатијата Вашите моментални инвестиции во дигитални технологии опфаќаат спектар од вашите клучни внатрешни деловни операции, додека би можеле повеќе да го зголемите нивото на подготвеност (во однос на плановите и ресурсите) со цел да воведете понапредни решенија. Користите голем број на основни технологии за вашите операции, додека би можеле да имате поголема корист од усвојувањето на повеќе напредни технологии (на пр. Системи за управување со информации, ERP, дигитални јавни услуги, електронски јавни набавки итн.) и други повеќе револуционерни (т.е. Вештачка интелигенција). 

Вашиот персонал има просечно ниво на дигитални вештини, но за да напредувате во вашата дигитална трансформација, би ви требало добро планирана и извршена обука на персоналот и специјализирани ИТ професионалци за да ви помогнат. Раководството и персоналот треба да добијат потребно охрабрување за целосно да се вклучат и да го поддржат усвојувањето на нови дигитални решенија без страв од промените што тоа би ги донело. Можеби веќе имате многу информации во дигитална форма, но можете да се фокусирате на сеопфатна стратегија за податоци, вклучувајќи ја и безбедноста на податоците, што ќе ви овозможи зголемена способност за анализа на податоци и ќе го поддржи донесувањето одлуки на високо ниво. Можете да усвоите повеќе ИКТ технологии да ѝ помогнат на вашата организација да стане по одржлива во своите операции (да го намали еколошкиот отпечаток), додека би можеле да му дадете приоритет на изборот на еколошки дигитални производи (ИКТ опрема). 

Подобрувањето на дигиталната зрелост на вашата организација би можело да ве приближи до други организации кои се дигитално повеже зрели и искусни и да ја зголеми ефикасноста и задоволството на граѓаните/претпријатијата со кои комуницирате секојдневно. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија и инвестиции ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци и безбедност v) интероперабилност и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

Умерено напредно 50-75%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за ЈП (Јавни претпријатиа)! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е веќе во умерено напредна фаза во својот процес на дигитална трансформација. Ова значи дека вашата организација веќе има придобивки од употребата на дигиталните технологии - како основни, така и некои напредни (во помала мера). Иако веќе сте на патот кон дигитална трансформација, можете понатаму да ја подобрите внатрешните/надворни операции, отпорноста, и одржливоста преку инвестиции кои се повеќе насочени кон дигитални технологии и вештини. Вашите моментални инвестиции во дигитални технологии опфаќаат широк спектар од вашите операции, но сè уште има простор за зголемување на вашето ниво на подготвеност (во однос на плановите и ресурсите) со цел да воведете пософистицирани решенија. Во моментов ги користите повеќето од достапните основни технологии за вашите операции, но сè уште има голем неискористен потенцијал со усвојувањето на понапредни технологии, вклучувајќи повеќе револуционерни технологии (т.е. Вештачка интелигенција). 

Вашиот персонал има просечно ниво на дигитални вештини, но за да напредувате во вашата дигитална трансформација, ви треба добро планирана и извршена обука на персоналот и специјализирани ИТ професионалци за да ви помогнат. Сите нивоа на раководството и персоналот треба да продолжат да го добиваат потребното охрабрување за целосно да се вклучат и да го поддржат усвојувањето на понапредни дигитални решенија без страв од промените, што тоа би ги донело. Вашите капацитети за управување со податоци и безбедност на податоци се напредни и сте достигнале одредено ниво на интероперабилност, но би можеле понатаму да извлечете корист од дигиталните технологии кои би ви ги донеле неопходните разузнувачки податоци и интеграција што ви се потребни за да им обезбедите врвни услуги на граѓаните и претпријатијата. Повеќе ИКТ технологии, истотака би можеле да и помогнат на вашата организација да стане по одржлива во своите операции (да го намалите вашиот еколошки отпечаток), додека би можеле да дадете приоритет на изборот и употребата на еколошки корисни дигитални производии (ИКТ опрема). 

Новите инвестиции во дигитализацијата ќе ја доведат дигиталната зрелост на вашата организација на ново, напредно ниво и ќе го зголемат задоволството на граѓаните/претпријатијата со кои секојдневно комуницирате. 

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија и инвестиции ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци и безбедност v) интероперабилност и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

Напредно 76-100%

 

Ви благодариме за вашето време и труд да го пополните прашалникот за ПДЗ за ЈП (Јавни претпријатиа)! 

Вашиот просечен резултат покажува дека вашата организација е веќе во напредна фаза во својот процес на дигитална трансформација. Тоа значи дека веќе сте предводник и вашата организација веќе долго време ги користи придобивките од употребата на дигиталните технологии. Сега користите и основни, повеќе напредни технологии во различни аспекти од вашето работење. Граѓаните и претпријатијата кои секојдневно комуницираат со вас имаат корист од добри, брзи и интероперабилни дигитални услуги, а процесите во најголем дел се извршуваат преку интернет. Иако веќе сте напредни, можете да се подобрите дополнително во областите како одржливост и ефикасност, експериментирајќи/имплементирајќи нови и пореволуционерни дигитални технологии.

Новите, понасочени инвестиции во напредна дигитализација, ќе ви помогнат да постигнете дигитална зрелост на многу модерна јавна организација.

Овој резултат се пресметува како просек од резултатите што сте ги добиле во рамки на шестте димензии од вашиот доставен прашалник за ПДЗ: i) дигитална бизнис стратегија и инвестиции ii) дигитална подготвеност iii) антропоцентрична дигитализација iv) управување со податоци и безбедност v) интероперабилност и vi) зелена дигитализација. Ве поттикнуваме внимателно да го прочитате толкувањето на оценките за секоја од шестте димензии со релевантни коментари и предлози во врска со вашиот моментален статус во секоја од нив и неискористениот потенцијал што можете да го разгледате со помош на Европските центри за дигитални иновации (EDIH).

 

  1. Анализа на резултатите по димензија

 

  1. Дигитална стратегија и инвестиции

Основно 0-25%

Организациите од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на дигиталната стратегијата и инвестициите во дигитализација. Тоа значи дека постои значајна можност за подобрувања.

За да го подобрите нивото на дигитализација, можете да започнете со дефинирањето на јасен план и идентификување на финансиските средства за негова поддршка. Првичните инвестиции во дигитални технологии за делумно модернизирање на вашата организација се добар прв чекор кон дигитализација. Освен тоа, можете дополнително да придобиете од автоматизирање на важни делови од вашите операции како што се внатрешни/надворешни процеси, дигитални јавни услуги, финансиски/човечки ресурси итн. Можете исто така да стекнете предности со примена на понапредни дигитални технологии во области како што се електронска јавна набавка, напредна безбедност и одржливост. 

Што се однесува до стратешкото планирање, можеби сте идентификувале некои, но постојат многу други можности за дигитализација, кои би можеле да им послужат на целите на вашата организација. Би требало да издвоите буџетски средства за подобрување на вашата ИТ инфраструктура и за да осигурате политичка и менаџерска посветеност за да имате потполна корист од нив. Организациските промени и промените во процесите, кои се потребни за дигитализацијата на вашата организација, исто така може да бараат вработување на посилен стручен тим од областа на информатичките технологии.

 

Просечно 26-50%

 

Претпријатијата на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на дигиталната стратегијата и инвестициите во дигитализација. Тоа значи дека постои голем потенцијал за подобрување. Имате почетен план за дигитализација и вашите политички лидери и/или виши раководители се приемчиви, но потребна е поголема посветеност за зголемување на дигитализацијата за да се искористат придобивките од дигитална организација.

Можеби сте инвестирале во дигитални технологии до одредена мера во голем број оперативни области за да би ја модернизирале вашата организација во внатрешните и надворешните операции, дигитални јавни услуги, финансиски/административни/човечки ресурси итн. Можете уште повеќе да придобиете со воведување на технологии кои би ви помогнале да бидете поефикасни, на пример, во јавните набавки и купување, планирање и извршување на проекти и во различните фази од животниот циклус на креирање политики. Вие поседувате одредена ИТ инфраструктура за поддршка на просечно ниво на дигитализација и имате квалификувани кадри од областа на информатичката технологија, иако тоа е во ограничена мера. 

Сепак, би можеле да ја зголемите стратешката важност на дигитализацијата за вашата организација. Ќе треба да издвоите поголем буџет како би ја подобриле на вашата ИТ инфраструктура и да осигурате посветеност на раководството и персоналот за да имате потполна корист од нив. Организациските промени и промените во процесите, кои се потребни за дигитализацијата на вашето претпријатие, исто така може да бараат вработување на повеќе персонал од областа на информатичките технологии.

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организациите од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на дигиталната стратегијата и инвестициите во дигитализација. Свесни за конкретните придобивки кои вашата организација би можела да ги добие од дигитализацијата и електронското управување, и веќе сте инвестирале во одредена мера во дигитални технологии и планирате да инвестирате уште повеќе. Имате план за дигитализација и сте одделиле ресурси за негова поддршка. 

Направени се инвестиции во дигитални технологии во текот на изминатите години или се планирани за повеќето оперативни области како што се внатрешни/надворни операции, давање на дигитални јавни услуги, финансиски/човечки ресурси/купување и процеси поврзани со креирање политики. Сепак, со дигитализација, драстично би можеле да ја подобрите целокупната ефикасност на својата организација. Со дигитализацијата, би можеле понатаму да го подобрите квалитетот на вашите услуги за граѓаните/претпријатијата. Вашиот план за дигитализација треба да биде стриктно спроведен и инвестициите планирани за во блиска иднина да бидат конкретизирани. Политичките челници и виши раководители, донекаде се подготвени или спремни да ги раководат организациските и процесните промени потребни за поддршка на дигитализацијата на организацијата. Персоналот од областа на ИТ, би можел да има поголема улога во донесувањето на одлуки за дигитализација. Регрутирањето на дигитално специјализирани профили, би ви помогнало да поддржите повисоко ниво на дигитализација. Во блиска иднина може да размислите за креирање на политики, кои што во поголема мера се темелат на дигитални технологии и на податоци. 

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза во однос на дигиталната стратегијата и инвестициите во дигитализација. Дигитализацијата веќе била приоритет за вашата организација и вие потполно сте свесни за конкретните придобивки кои вашата организација би можела да ги добие од неа. Веќе сте инвестирале значително во дигитални технологии и имате планови за дополнителни инвестиции. Следите јасен план за дигитализација и сте ги доделиле потребните ресурси (човечки и буџетски) за да го поддржите истиот. Вашата организација веќе делува како организација за дигитална администрација, но сè уште има области за подобрување.

Значителните инвестиции во дигитализацијата веќе придонесле за трансформацијата на вашата организација во модерна јавна администрација. Граѓаните и претпријатијата кои комуницираат со вашата организација имаат корист од алатите за е-управа што ги нудите. Политичкото раководство и вишите раководители, донекаде се посветени понатаму да ги раководат организациските и процесните промени потребни за поддршка на дигитализацијата на организацијата. Персоналот од областа на ИТ, придонесува во процесите на донесување одлуки за дигитализација. Според потребите, се регрутираат дигитално специјализирани профили за вработување. Персоналот има доволно дигитални вештини. Применети се многу процеси кои во голема мера се темелат на дигитални технологии и на податоци. 

Би можеле да имате поголема корист од имплементацијата на повеќе специјализирани технологии како вештачка интелигенција, напредна анализа на податоци, деловни модели кои се темелат на дигитализација и друго.

 

  1. Дигитална спремност

Основно 0-25%

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на дигиталната спремност (усвојување на дигитални технологии). Можеби веќе користите мал број на основни дигитални технологии, но со многу ограничени апликации во вашите операции (внатрешни и надворешни). Вашата организација има многу неистражен потенцијал за вашето претпријатие да ја зголеми внатрешната продуктивност и подобро да им служи на граѓаните и претпријатијата со кои соработувате, со усвојување на повеќе дигитални технологии - како основни, така и понапредни. 

Вашата организација би имала голема корист кога би размислиле за имплементација на низа дигитални технологии. Тие би можеле (индикативно) да ја подобрат ефикасноста на вашата организација (системи за управување со информации, ERP), да го зголемат задоволството на граѓаните/предпријатијата (портали, интернет-базирани алатки за комуникација, разговори во живо, социјални мрежи), да овозможат комплетни е-услуги (алатки за овозможување на услуги на интернет), да ги надградат вештините на персоналот/да го зголемат задоволството и задржувањето на персоналот (деловна соработка на далечина, работа на далечина, виртуелно учење итн.).

*Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на организацијата, обрасци и форуми на интернет за комуникација со граѓаните/претпријатијата, разговори во живо/социјални мрежи/чатботови за комуникација со граѓаните/претпријатијата,алатки за соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), интранет портал, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.), алатки за дигитални јавни услуги и алатки за јавни набавки.

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), напредни комуникациски технологии (т.е. 5G), напредни компјутерски инфраструктури (компјутерство во облак или на работ на мрежата), блокчејн-цинџир на блокови, решенија за дигитален идентитет и безбедност, IoT-интернет на нештата, паметни уреди итн. 

 

Просечно 26-50%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на дигиталната спремност (усвојување на дигитални технологии). Во вашата организација, користите некои, но не и сите основни дигитални технологии. Дигиталните решенија се користат во низа од вашите операции, главно во администрацијата и секојдневните задачи. Веќе можете да ги искористите предностите кои дигиталните технологии би можеле да ви ги понудат во области како што се секојдневните операции во управувањето со човечки ресурси и финансиското управување. 

Вашата организација ќе има поголема корист ако размисли за имплементација на низа дигитални технологии за зголемување на ефикасноста на своите внатрешни и надворешни процеси (т.е. работни текови, комуникација со граѓаните/предпријатијата, пружање на дигитални јавни услуги и друго). Можете да ги користите и за интеграција и забрзување на вашите процеси (на пример, системи за управување со информации, ERP, електронски набавки), подобрување на вештините на персоналот/зголемување на задоволството и задржувањето на персоналот (деловна соработка на далечина, работа на далечина, виртуелно учење итн.) и генерално да го забрзате вашиот премин во дигитална организација. 

*Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на организацијата, обрасци и форуми на интернет за комуникација со граѓаните/претпријатијата, разговори во живо/социјални мрежи/чатботови за комуникација со граѓаните/претпријатијата,алатки за соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), интранет портал, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.), алатки за дигитални јавни услуги и алатки за јавни набавки.

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), напредни комуникациски технологии (т.е. 5G), напредни компјутерски инфраструктури (компјутерство во облак или на работ на мрежата), блокчејн-цинџир на блокови, решенија за дигитален идентитет и безбедност, IoT-интернет на нештата, паметни уреди итн. 

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на дигиталната спремност (усвојување на дигитални технологии). Најверојатно веќе имате корист, од придобивките кои може да ги понудат основните дигитални технологии. Располагате со доверлива инфраструктура за поврзување и користите интернет технологии и апликации, вклучително за комуникација со граѓаните/претпријатијата. 

Вие пружате низа на дигитални јавни услуги, но би можеле дополнително целосно да ги дигитализирате интеракциите со корисниците за да ги избегнете физичките долготрајни процеси. Вие би можеле да имате корист од потполно воведени напредни или интегрирани апликации како што се системи за управување со информации, ERP или електронски јавни набавки.  Сè уште не сте го искористиле потенцијалот на поспецијализирани или понапредни дигитални технологии кои би можеле значително да ја зголемат ефикасноста на вашите внатрешни и надворешни процеси и би ви помогнале подобро и побрзо да одговорите на потребите на своите крајни корисници. Вие сте на вистинскиот пат, но можете да ја забрзате вашата транзиција кон вистинска модерна дигитална организација. 

*Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на организацијата, обрасци и форуми на интернет за комуникација со граѓаните/претпријатијата, разговори во живо/социјални мрежи/чатботови за комуникација со граѓаните/претпријатијата,алатки за соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), интранет портал, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.), алатки за дигитални јавни услуги и алатки за јавни набавки.

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), напредни комуникациски технологии (т.е. 5G), напредни компјутерски инфраструктури (компјутерство во облак или на работ на мрежата), блокчејн-цинџир на блокови, решенија за дигитален идентитет и безбедност, IoT-интернет на нештата, паметни уреди итн. 

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза во однос на дигиталната спремност (усвојување на дигитални технологии). Вие имате придобивки од користењето на практично повеќето достапни основни дигитални технологии во вашите внатрешни и надворешни операции. Дигиталните решенија се користат во повеќето ваши внатрешни/надворешни операции, вклучувајќи администрација и управување, пружање на комплетни дигитални јавни услуги, е-јавни набавки итн. Вие имате корист од примената на интегрирани системи за управување со информации, како што се ERP, кои ги поврзуваат вашите операции. 

Можеби сте започнале да експериментирате или да имплементирате напредни дигитални технологии во одредени области на вашата организација и активно истражувате како да извлечете поголема корист од нив. Вие сте прилично напредни во употребата на основните дигитални технологии, а исто така поседувате потребно ниво на спремност да ги искористите придобивките од имплементацијата на поспецијализирани и напредни дигитални технологии. Тие би го зголемиле нивото на дигитално управување во вашата организација и би ја трансформирале во организација која потполно се темели на податоци. 

*Основните дигитални технологии се однесуваат на: инфраструктура за поврзување, интернет-страница на организацијата, обрасци и форуми на интернет за комуникација со граѓаните/претпријатијата, разговори во живо/социјални мрежи/чатботови за комуникација со граѓаните/претпријатијата,алатки за соработка на далечина (на пример, работа од далечина, видео конференции, виртуелно учење итн.), интранет портал, системи за управување со информации (ERP, CRM, SCM итн.), алатки за дигитални јавни услуги и алатки за јавни набавки.

*Напредните дигитални технологии се однесуваат на (индикативно): Апликации за вештачка интелигенција (ВИ), напредни комуникациски технологии (т.е. 5G), напредни компјутерски инфраструктури (компјутерство во облак или на работ на мрежата), блокчејн-цинџир на блокови, решенија за дигитален идентитет и безбедност, IoT-интернет на нештата, паметни уреди итн. 

 

  1. Антропоцентрична дигитализација (Дигитализација ориентирана кон човекот)

Основно 0-25%

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Потенцијалот од подобрувањето на дигиталните вештини на персоналот треба да стане појасен на политичко, раководно и/или оперативно ниво. Вашата организација би можела да започне со спроведување на проценка на дигиталните вештини на својот персонал, по што би следел  конкретен план за обука за преквалификација или за усовршување на персоналот. Треба да размислите за обезбедување на повеќе обука или интернет алатки за учење на персоналот за стекнување/зголемување на дигиталните вештини. Дигиталните вештини на персоналот се основни и работните места сè уште не се преобликувани за дигиталната ера. 

Во овој опсег има огромен неискористен потенцијал за зголемување на дигиталната писменост на вашите вработени, дури и ако започнете со ограничени инвестиции.

 

Просечно 26-50%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Веројатно е дека вашето политичко/менаџерско раководство ја сфатило важноста и потенцијалот на обука на вашиот персонал во областа на дигиталните технологии и вие можеби сте презеле некои чекори во таа насока. Како следен чекор, можете да воспоставите детален план за обука за преквалификација или за усовршување на вештините  на персоналот. Персоналот можеби има пристап до некои упатства на интернет и други опции за самообука за стекнување/згголемување на дигиталните вештини, но можете подобро да ги прилагодите на нивните конкретни потреби и/или потреби за обука. Можете да ја комбинирате обуката со можности за експериментирање и автономија во извршување на одлуки или за иновации. Треба да обезбедите можности за развој на кариерата за вработените со дигитални вештини, а истовремено да ги преобликувате работните места за дигиталната ера. Дигиталните вештини на персоналот треба да одговараат на оние потребни за модернизирање на нивните работни функции. 

Вашата организација има многу неискористен потенцијал за воспоставување на план за обука врз основа на вашите планови за дигитализација во блиска иднина. Исто така, можете да имате придобивки од соодветни можности за финансирање од различни програми за преквалификација и усовршување на вештините на вашиот персонал. Како резултат на тоа, обучениот персонал би бил поприфатлив за воведувањето на нови дигитални технологии и повеќе би ги поддржувал промените кои инаку би предизвикале страв од губење на работни места. Зголемувањето на дигиталните вештини на персоналот, би ви овозможило опкружување кое е потребно за вработување на напреден персонал од ИТ областа и да им овозможи услови за кариера. 

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Вашeто организација веќе има воспоставено план за обука за преквалификација/усовршување на вештините на персоналот, но може да вклучите и понапредни дигитални технологии кои ќе се воведат во блиска иднина. Стекнувањето/усовршувањето на вештини во областа на дигиталните технологии претставува приоритет и на персоналот му е овозможена обука во областа на дигиталните вештини, но секогаш треба да ја прилагодите на нивните конкретни потреби и барања за обука на работа. Организацијата исто така може да е запозната за можностите за финансирање на обука за подобрување на дигиталните вештини на персоналот и може да има придобивки од тоа. 

Персоналот е доволно квалификуван за да ја извршува својата работа со помош на дигитални алатки, но можете да ги поттикнете повеќе да експериментираат со нови алатки за донесување на одлуки или за иновации. Персоналот во одреден степен е вклучен во дизајнирањето и развојот на јавната услуга или во процесот на дигитализација на организацијата. Веројатно се достапни, можности за развој на кариерата за вработените кои поседуваат дигитални вештини. Работните места се преобликувани за дигиталната ера, вклучувајќи и иновативни/дигитално подобрени работни средини, и нив може да ги поддржува дигитална служба за поддршка. Дигиталните вештини на персоналот се во суштина адекватни за нивните работни функции. 

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу напредна фаза во однос на антропоцентричната дигитализацијата (развој на вештини за дигитализација). Воведен е и активно се спроведува/следи, сеопфатен план за обука за преквалификација или усовршување на вештините на персоналот. На вработените често и редовно им се овозможува сеопфатна обука од областа на напредни технологиии или дигитални вештини, прилагодена на нивните специфични потреби и барања во поглед со обуката. Обуката често се комбинира со можности за експериментирање и автономија за извршување на одлуки или за иновации. Има можности за развој на кариерата за вработените кои поседуваат дигитални вештини. Персоналот активно е вклучен во стратегијата на организацијата. Работните места се преобликувани за дигиталната ера, вклучувајќи и иновативни/дигитално подобрени работни средини, кои ги поддржува дигитална служба за поддршка. Дигиталните вештини на персоналот се напредни. 

 

  1. Управување со податоци и безбедност

Основно 0-25%

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза во однос на управувањето со податоци и безбедноста (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Можете да започнете со воспоставување на политика/план/збир на мерки во областа на податоците и да планирате транзиција на податоците зачувани на хартија кон дигитално зачувани податоци. Моментално, дигитализирани се само неколку видови на документи, а малку податоци се складираат дигитално. Оваа транзиција би имала потреба од план за безбедност на податоците и процес за сајбер безбедност, кои ги надминуваат основните алатки за сајбер безбедност кои се користат денес. 

Со оглед на тоа што се наоѓа во таков ран стадиум, вашата компанија има огромен неискористен потенцијал за напредување во процесот на дигитализација, преку создавање на критична маса на податоци кои ќе обезбедат увид во различните области на работењето. Ова треба да оди рака под рака со спроведувањето на понапредни мерки за безбедност на податоците, за да се осигура соодветна заштита на податоците и важните информации.

 

Просечно 26-50%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза во однос на управувањето со податоци и безбедноста (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Најверојатно нема конкретни политики/план/збир на мерки за управување со податоци или се сеуште во многу рана фаза. Документите и процесите се дигитализирани во некои области и операции. Некои податоци се складираат во дигитално структурирана форма, главно за административни/финансиски процеси. Сепак, вие би можеле да го подобрите степенот на размената на податоци и интеграција помеѓу различните апликации. Податоците не се искористуваат целосно за работа на организацијата и не допринесуваат во донесувањето на одлуки или креирањето на политики до степен кој би можел да донесе промени. Нивото на заштита на податоците со помош на основните алатки за сајбер безбедност е умерено, но можеби се уште не постои конкретна и сеопфатна политика за сајбер безбедност. 

Бидејќи сте во тој опсег, сеуште располагате со голем неистражен потенцијал, со развој на своја дигитална трансформација о воспоставување на соодветна стратегија за управување со податоци, вклучително и сајбер безбедност. Со инвестирање на повеќе ресурси, можете да ги икористите предностите на интеграција на повеќето податоци и процеси на организацијата во дигитален облик, преку интероперабилни системи и пристап до податоците од различни уреди и локации. Структурираните податоци би можеле да се вклучат во апликациите за аналитика на податоци и да му ги овозможат на вашата организација потребните разузнувачки податоци, за да донесува важни деловни одлуки и подобро да им служи на граѓаните и претпријатијата. неопходно е да се воспостави сеопфатна политика за сајбер безбедност со мерки кои ќе ги заштитат организацијата и граѓаните/претпријатијата од сајбер закани и со соодветни планови во случај на непредвидени ситуации.

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза во однос на управувањето со податоци и безбедноста (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Веќе имате воспоставено конкретна политика/план/збир на мерки за управување со вашите податоци и за остварување корист од нив. Документите и процесите се дигитализирани во многу деловни функции и оперативни области (внатрешни и надворешни). Повеќето податоци се складираат во дигитално структурирана форма и постои висок степен на интеграција на податоци и помеѓу различните ИТ системи. Сметате дека анализата на податоци е важна за вашето работење и информираното донесување на одлуки, и како средство за понатамошно оптимизирање и подобрување на услугите за „корисниците“ Имате план за сајбер-безбедност и сте ги идентификувале мерките што треба да се преземат во случај на сајбер опасност. Постои одредба за изработка на сигурносни копии на податоци и информираност на персоналот за важноста за заштита од сајбер закани. Обуки и настани за подигање на свеста се достапни за персоналот на тема сајбер безбедност. 

Бидејќи сте во овој опсег, сè уште имате многу нешта да постигнете за вашата организација, со подобро и поголемо користење на податоци. Можете додатно да ја подобрите интеграцијата на податоци и интероперабилноста помеѓу вашите сопствени системи и системите на различни организации што би ви помогнало да работите поефикасно. Вашите податоци можете да направите да бидат достапни во реално време од различни уреди и локации, вклучувајќи ги и вашите вработени (на пример, работа на далечина). Заедно со надградбата на своите капацитети за управување со податоци, би требало да имплементирате силни политики за безбедност на податоците, планови за непредвидливи ситуации и планови за континуитет на работењето во случај на сериозни сајбер закани.

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу напредна фаза во однос на управувањето со податоци и безбедноста (складирање, организација, пристап, искористување и безбедност на податоците). Документите и процесите се дигитализирани во повеќето функции и оперативни области (административни/човечки ресурси/финансиски процеси, управување, дигитални јавни услуги, јавни набавки итн.). Сите податоци се складираат во дигитално структурирана форма. Собирањето и искористувањето на податоците се клучни за организацијата. Повеќето податоци се собираат и се користат како влезни податоци за сите клучни процеси/операции. Податоците служат како основа за донесувањето на одлуки и да ги оптимизираат повеќето процеси. Имплементирани се решенија/стандарди за да се олесни размената на податоци и за интероперабилност со надворешни страни. 

Постојат планови за сајбер безбедност и се спроведуваат конкретни политики и мерки за заштита на податоците на организацијата од сајбер закани. Постои план кој ги опфаќа сите внатрешни и надворешни податоци (граѓани/претпријатија) и политики за изработка на потполни сигурносни копии. Ниво на свест на персоналот во врска со сајбер заканите е висока и одржувана преку обуки, а планот за континуитет на операциите е во функција во случај на катастрофа предизвикана сајбер напад.

 

  1. Интероперабилност 

Основно 0-25%

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза кога станува збор за интероперабилност*. Во таква рана фаза, можеби сте презеле некои чекори за спроведување на основно ниво на отвореност и/или транспарентност на податоците. Можеби размислувате за технолошки неутрални решенија и преносливост на податоци. Вашата организација може да има многу корист од други понапредни нивоа на интероперабилност, како што се решенија за повторна употреба, информации и податоци, пристап до решенија преку повеќе канали и обезбедување на единствена точка на контакт за услугите што ги нудите. Приоритет би требало да им се даде и на вклученоста и достапноста на вашите услуги за најранливите категории на луѓе (инвалиди, постари лица и други групи). 

Вашата организација би можела значително да ги подобри своите операции т.е работење, со подобрување на нивото на интероперабилност во наведените области, но исто така и со осигурувањето на безбедност и приватност при размена на податоци, давање приоритет на користењето на услуги преку дигитални канали, осигурување на долгорочна достапност на складирање на податоци и редовно да ја оценува ефикасноста на дигиталните решенија понудени на граѓаните и претпријатијата.

*Интероперабилноста се смета за способност за интеракција заради постигнување на заеднички корисни цели со други организации преку размена на податоци помеѓу нивните ИКТ системи. Таа се мери во однос на 12-те принципи на интероперабилност идентификувани во новата европска рамка за интероперабилност (EIF)[1].

 

Просечно 26-50%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза кога станува збор за интероперабилност*. Во таа рана фаза, можеби сте презеле некои чекори за спроведување на основно ниво на отвореност и/или транспарентност на податоците и потенцијално технолошка неутралност и преносливост на податоците до одредена мера. Можеби сте почнале да експериментирате или да спроведувате понапредни нивоа на интероперабилност, како што се решенија за повторна употреба, информации и податоци, пристап до решенија преку повеќе канали и обезбедување на единствена точка на контакт за услугите што ги нудите. Воведен е почетен степен на вклученост и достапност на вашите услуги за најранливите категории на луѓе (инвалиди, постари лица и други групи) Implementirala je. 

Вашата организација би можела значително да ги подобри своите операции т.е работење, со подобрување на нивото на интероперабилност во претходно наведените области, но исто така и со осигурувањето на безбедност и приватност при размена на податоци, давање приоритет на користењето на услуги преку дигитални канали, осигурување на долгорочна достапност на складирање на податоци и редовно да ја оценува ефикасноста на дигиталните решенија понудени на граѓаните и претпријатијата.

*Интероперабилноста се смета за способност за интеракција заради постигнување на заеднички корисни цели со други организации преку размена на податоци помеѓу нивните ИКТ системи. Таа се мери во однос на 12-те принципи на интероперабилност идентификувани во новата европска рамка за интероперабилност (EIF)[2].

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза кога станува збор за интероперабилност*. Во таа фаза, веќе сте презеле некои чекори за спроведување на отвореност и/или транспарентност на податоците и потенцијално технолошка неутралност и преносливост на податоците до значителна мера. Вие сте започнале да експериментирате или веќе сте спровеле понапредни нивоа на интероперабилност, како што се решенија за повторна употреба, информации и податоци, пристап до решенија преку повеќе канали и обезбедување на единствена точка на контакт за услугите што ги нудите. Сте се погрижиле да спроведете решенија за вклученост и достапност на вашите услуги за најранливите категории на луѓе (инвалиди, постари лица и други групи). 

Вашата организација и понатаму би можела значително да ги подобри своите операции т.е работење, со подобрување на нивото на интероперабилност во претходно наведените области, но исто така и со осигурувањето на безбедност и приватност при размена на податоци, давање приоритет на користењето на услуги преку дигитални канали, осигурување на долгорочна достапност на складирање на податоци и редовно да ја оценува ефикасноста на дигиталните решенија понудени на граѓаните и претпријатијата.

*Интероперабилноста се смета за способност за интеракција заради постигнување на заеднички корисни цели со други организации преку размена на податоци помеѓу нивните ИКТ системи. Таа се мери во однос на 12-те принципи на интероперабилност идентификувани во новата европска рамка за интероперабилност (EIF)[3].

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во напредна фаза кога станува збор за интероперабилност*. Во оваа фаза веќе сте спровеле и планирате да спроведете интероперабилни решенија во повеќето области, како што се отвореност и/или транспарентност на податоците и потенцијално технолошка неутралност и преносливост на податоците до значителна мера. Вие веќе сте спровеле понапредни нивоа на интероперабилност, како што се решенија за повторна употреба, информации и податоци, пристап до решенија преку повеќе канали и обезбедување на единствена точка на контакт за услугите што ги нудите. Вие веќе сте спровеле решенија за вклученост и достапност на вашите услуги за најранливите категории на луѓе (инвалиди, постари лица и други групи). Осигурувате безбедност и приватност во размената на податоци, давате приоритет на користење на услуги преку дигитални канали и обезбедувате долгорочен пристап до складирање на податоци. 

Вашата организација и граѓаните/претпријатијата на кои им служите веќе ги користат придобивките од високата интероперабилност во обезбедувањето на брзи и сигурни услуги. Сепак, уште можете да го подобрите вашето работење такашто ќе продолжите да работите на интероперабилноста и ќе се погрижите редовно да ја оценувате ефективноста и ефикасноста на дигиталните решенија што ги нудите на вашите граѓани и претпријатија.

*Интероперабилноста се смета за способност за интеракција заради постигнување на заеднички корисни цели со други организации преку размена на податоци помеѓу нивните ИКТ системи. Таа се мери во однос на 12-те принципи на интероперабилност идентификувани во новата европска рамка за интероперабилност (EIF)[4].

 

 

  1. Зелена дигитализација:

Основно 0-25%

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во многу рана фаза кога станува збор за Зелена дигитализација*. Би можеле да започнете со разгледување на еколошките аспекти во вашите избори за дигитализација. Дигиталните технологии би можеле да ги користите на начин што тие ќе придонесуваат за одржливи операции во работењето (како што се внатрешни/надворешни операции, давање на дигитални услуги, купување и јавни набавки итн.). Дигиталните технологии би можеле да придонесат во намалувањето на емисиите и загадувањето и управувањето со отпад. Тие исто така би можеле да го поддржат оптимизираното користење на ресурси за зелено и еколошки прифатливо работење и испорака на услуги за граѓаните/претпријатијата.

Дигиталните решенија би можеле да се употребат за намалување на влијанието на организацијата врз животната средина. Материјалите/продуктите што ги користи организацијата можат да бидат следливи. Енергијата би можела да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Административните процеси би можеле да станат бесхартиени. Еколошките влијанија врз околината, би требало да се земат во предвид во дигиталните избори и практики, при купување на ИТ опрема. 

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредена организација да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Просечно 26-50%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во рана фаза кога станува збор за Зелена дигитализација*. Еколошките аспекти понекогаш се земаат предвид во изборите за дигитализација. Дигиталните технологии можеби почнале да придонесуваат за одржливи операции во работењето (како што се внатрешни/надворешни операции, давање на дигитални услуги, купување и јавни набавки итн.). Меѓутоа, дигиталните технологии би можеле значително да го поддржат намалувањето на емисиите и загадувањето или да поддржат оптимизирана употреба на ресурси за зелена и еколошки прифатлива работа и давање на услуги на граѓаните/претпријатијата. 

Дигиталните решенија би можеле поактивно да се употребуваат за позначајно да се намали влијанието на организацијата врз околината. Материјалите/продуктите што ги користи организацијата би можеле да бидат следливи. Енергијата би можела да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Некои административни процеси се бесхартиени, но сеште не се сите.  Еколошките влијанија врз околината, делумно се земаат во предвид во дигиталните избори и практики, при купување на ИТ опрема.

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредена организација да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Умерено напредно 50-75%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост имаат тенденција да се во умерено напредна фаза кога станува збор за Зелена дигитализација*. Еколошките аспекти делумно се земаат предвид во изборите за дигитализација. Дигиталните технологии веќе можат до одредена мера, да придонесат за одржливи операции во работењето (како што се внатрешни/надвореши операции, давање на дигитални услуги, купување и јавни набавки итн.). Дигиталните технологии можат до одредена мера да го поддржат општото намалување на емисиите и загадувањето како и управувањето со отпад. Дигиталните технологии веројатно во одредена мера ќе го поддржат оптимизираното користење на ресурси за зелено и еколошки прифатливо работење и испорака на услуги за граѓаните/претпријатијата. 

Дигиталните решенија делумно придонесуваат за намалување на влијанието на организацијата врз околината. Материјалите/продуктите што ги користи организацијата можат да бидат делумно следливи. Енергијата може да се добива од одржливи извори надвор или на лице место на локацијата. Административните процеси генерално се бесхартиени. Еколошките влијанија врз околината, се земаат во предвид во дигиталните избори и практики, при купување на ИТ опрема.

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредена организација да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).

 

Напредно 76-100%

 

Организации од јавниот сектор на ова ниво на зрелост обично се во прилично напредна фаза во однос на зелена дигитализација. Еколошките аспекти се земаат во предвид во повеќето избори за дигитализација, вклучувајќи ја јавната набавка, потрошувачката на енергија и повторна употреба на ресурси. Дигиталната технологија придонесува за одржливи операции во работењето (како што се внатрешни/надворешни операции, давање на дигитални услуги, купување и јавни набавки итн.). Дигиталните технологии најверојатно го поддржуваат намалувањето на емисиите и загадувањето како и управувањето со отпад. Најверојатно, дигиталните технологии истотака ја поддржуваат вашата оптимизирана употреба на суровини и испорака на производите до клиентите. 

Дигиталните решенија се користат за значително да се намали влијанието на организацијата врз околината (вклучувајќи го и подобрувањето на енергетската ефикасност). Материјалите што ги користи организацијата се високо следливи дури и во реално време. Енергијата се добива од одржливи извори надвор или на лице место. Сите административните процеси се бесхартиени. Еколошкото влијание врз околината е целосно интегрирано во изборите и практиките за дигитализација. 

*Зелената дигитализација се однесува на способноста на одредена организација да ја спроведе дигитализацијата со примена на долгорочен пристап, со кој се презема одговорност и се грижи за заштитата и одржливоста на природните ресурси и животната средина (така да на крајот од тоа се гради конкурентска предност).


 

[1] https://ec.europa.eu/isa2/sites/default/files/eif_brochure_final.pdf

[2] https://ec.europa.eu/isa2/sites/default/files/eif_brochure_final.pdf

[3] https://ec.europa.eu/isa2/sites/default/files/eif_brochure_final.pdf

[4] https://ec.europa.eu/isa2/sites/default/files/eif_brochure_final.pdf